Shqip   Македонски   English
  Општина
Градоначалник, Совет
Администрација, Сектори
Единици
За граѓанинот  
Е-Услуги, Даноци
Формулари, Учество
во одлучување

Мојот град
Историја, Институции
Организации, Почесни
граѓани, Бизнис, Спорт
      Документи
Проекти, Буџет,
Урбанистички планови
Закони, Акти
Посети го Тетово
Природа, Одмаралишта, Историски објекти, Галерии, Музеи
Инфо
Ресторани, Хотели
Медиуми, Банки
Транспорт

 Мојот град
 Средни училишта
 
Историја и наследство
Институции на културата
Основни училишта
Средни училишта
Универзитети
Друштва и организации
Почесни граѓани
Круг на бизнисот
Спорт и рекреација
Соработка со други градови
 
О.У. Никола Штејн



Училиштето е лоцирано на излез од градот Тетово, на патот за Гостивар. Во близина на училиштето се наоѓа Средното Земјоделско училиште, Штуловиот и Тетовскиот  универзитет. Бидејќи училиштето е оддалечено од центарот на градот, пристапот до него е овозможен со градски автобуски превоз, комби возила како и со автобусите кои се обраќаат до Гостивар.

Општина Тетово се простира во долниот дел од плодната Полошка Котлина и Шар Планина. Градот Тетово со општините кои гравитираат во неа  има околу 180000 жители  од кои 65000 живеат во потесното градско подрачје ,од кое 60% се работоактивно население.
Градот има развиена инфраструктура, со концентрација на индустриски и стопански објекти, административни установи, културни и спортско – рекреативни  објекти, здравствени установи и сл.

Во општината работат 34 основни училишта во кои наставата ја следат околу 26000 ученици и 5 средни училишта со над 10000 ученици. Во градот има и два универзитети. Од културните објекти работат: Домот на културата,1 Работнички Универзитет и  1  Градска библиотека. Од спортот и физичката култура карактеристично е дека функционираат околу 50 организации со свои активни членови.
Историјат на училиштето

Општинско Средно Медицинско Училиште “ Никола Штејн” – Тетово е формирано во 1961 година со решение бр: 05-5685 од страна на Собрание на општина Тетово под назив Средно Медицинско Училиште  за медицински сестри- техничари, а во 1979 година со решение на Окружниот Стопански суд во Скопје  училиштето го добива називот  Училишниот Медицински Центар “ Никола Штејн” а од април 2007 год. Општинско Средно Медицинско Училиште “ Никола Штејн” – Тетово , како работна организација без основни организации на здружен труд.

Во 1961 година училиштето започнува да работи само со две паралелки на македонски наставен јазик, додека во 1967/68 година се отвараат и паралелки на албански наставен јазик, а во 1987/88 и на турски наставен јазик.Бројот на ученици и паралелки од година во година расте така што денес училиштето работи со 76 паралелки на трите наставни јазици запишани во 7 профили од кои 5 во здравствена струка (мед.сестра, забен техничар, фармацевтски техничар, физиотерапевтски техничар и мед.лабараториски техничар)  и 2 профили од струката лични услуги на албански наставен јазик ( козметички техничар и техничар за очна оптика) со околу 2600 ученици.

Од учебна 2005/06 година наставата се одвива во новоизграден објект со сите услови за успешно одвивање на наставата по програмата за Реформирано Средно Стручно образование.


Адреса: Ул:Илинденска бб
Тел: 044  339 110
Факс: 044  332 511
Е-маил: s.medicina@mt.net.mk




       
 
Политика на приватност
Контактирај ја Општината
Општина Тетово
Дервиш Цара бб
1200 Тетово
Република Северна Македонија

Тел. +389 44 511 930
Факс +389 44 511 962
Тел. 044 339 240
cabinet@tetova.gov.mk
info@tetova.gov.mk
       
       
Faqeja oficiale e Komunës së Tetovës - Официјална страница на Општина Тетово - Official website of Tetovo Municipality © 2014