Shqip   Македонски   English
  Општина
Градоначалник, Совет
Администрација, Сектори
Единици
За граѓанинот  
Е-Услуги, Даноци
Формулари, Учество
во одлучување

Мојот град
Историја, Институции
Организации, Почесни
граѓани, Бизнис, Спорт
      Документи
Проекти, Буџет,
Урбанистички планови
Закони, Акти
Посети го Тетово
Природа, Одмаралишта, Историски објекти, Галерии, Музеи
Инфо
Ресторани, Хотели
Медиуми, Банки
Транспорт

 Мојот град
 Институции на културата
 
Историја и наследство
Институции на културата
Основни училишта
Средни училишта
Универзитети
Друштва и организации
Почесни граѓани
Круг на бизнисот
Спорт и рекреација
Соработка со други градови
 
Библиотека Кочо Рацин



Библиотекарската традиција во Тетово остави длабоки траги во историјата на овие краишта, но за жал немаме точни податоци од кога датира нејзината дејност како Народна Градска Библиотека „Кочо Рацин“. Точниот датум за оснивање на библиотеката не се знае, но се претпоставува дека 1945 година е годината кога библиотеката започнува со работа во склоп на Комесаријатот за народно образование и за прв пат била сместена во новоизградена конфискувана куќа.

Првиот фонд на книги  бил околу 2000  наслови и книги наследени од „Тетовската читална за млади“, која била формирана во 1922 година, збогатена со марксистичко-ленинистичка литература,  но имало и голем број книги од класични автори. Сите книги биле на српско-хрватски јазик, со исклучок на одреден број политички брошури кој биле објавени на македонски јазик.

Првите години библиотеката броела 500 членови, поголемиот дел од нив биле ученици од средните училишта – гимназијалци. За потребите на читателите библиотеката секој ден била снабдувана со дневен печат како „Нова Македонија“, „Борба“, „Политика“, „Народен фронт „ и др. Веднаш по ослободувањето, истовремено со почетокот на работата во Градската Тетовска Библиотека беше отворена и библиотеката на албански јазик која на почетокот работеше издвоено од македонската библиотека. Таа била сместена во стара куќа во центарот на градот . Албанската библиотека имала околу 2000 членови, додека библиотекар беше учителот Иса Сабајдини од с.Порој.

Во текот на 1948 или 1949 по наредба на граѓанските политички структури и Комесаријатот за образование, Албанската Библиотека беше интегрирана во Градска Библиотека. Во 1952 година беше донесена одлука за поделба на библиотеката од Комесаријатот за образование и продолжила со работа како независно културно-образовна институција.
Во текот на работењето, библиотеката доживеала неколку преместувања и веднаш по формирањето, библиотеката беше сместена во приземјето на поранешниот ресторан „Ловец“, каде функционираше и Домот на култура во Тетово.

Во 1954 година формирани се посебни сектори: за деца и за возрасни.
По две децении, поточно во 1967 година, Матичната библиотека „Кочо Рацин“-Тетово беше вратена во поранешните простории, каде датира нејзината дејност , но овој пат го користеше целиот објект-куќата на сопственикот Мато Ченка. На долниот спрат беше сместен магацинот за книги и секторот за возрасни, додека на првиот спрат беше сместен секторот за професионална изработка на библиотекарскиот материјал, секторот за деца и администрација. Во овој објект Матичната библиотека „Кочо Рацин“ дејноста ја изведуваше три и пол децении.

Врз основа на Законот за денационализација, усвоен од Влада на Р.М. во 2000 година , објектот во кој беше сместена библиотеката беше вратен на поранешните сопственици и при тоа градската библиотека доживува ново преместување. Истата година надлежните органи со соодветна Одлука како локација за користење одредија 200 м2 во приземјето на Домот на културата во градот. На оваа локација Градската библиотека и ден денес продолжува да функционира, а во неа се системирани: секторот за деца, секторот за возрасни и секторот за професионална изработка на библиотекарскиот материјал. Во недостиг на потребни простории, значителен книжен фонд од библиотеката е сместен во нефункционални простории, а во тие услови читателите не можат да дојдат до посакувана книга.

На  22 Јули 2004 Градската библиотека се именува во: Национален Институт Библиотека  „Кочо Рацин“. Година подоцна, значи во 2005 година, започна автоматизирана работа во библиотеката и изработка на библиотекарски фонд, кога библиотеката „Кочо Рацин„ –Тетово преку серверот  „Свети Клименд Охридски„ од Битола е вклучен во COBISS.MK. Со новиот систем на работа НИ Библиотека „Кочо Рацин“.-Тетово, претставува составен информатичко-библиотекарен функционален систем и беше вклучен во семејството на четриесете библиотеки полноважни членки на COBISS.MK.

Бројот на запишани членови: 3200 (од кои  1300 деца)
Книжен фонд: 120 000 – 150 000 наслови
Библиотекарски простории: 200 м2

Сектори: – Сектор за  каталогизација и сместување на библиотекарскиот материјал
– Сектор за возрасни
– Сектор за деца
– Сектор за родниот крај
– Сектор за развој на библиотека

Национелен Институт Библиотека „Кочо Рацин”
Адреса: Булевар “Илирија” бб.1200 Тетово
Постален фах: 245
Тел./Фах: 044 / 352-780
Тел. (Директор) 044 / 338-797 (Директор –Фиторе Решити)
Тел. (погон за позаимување на книги) 044 / 350-039
E-mail: biblioteka@nubkrte.org.mk
Веб страница: www.nubkrte.org.mk

 




       
 
Политика на приватност
Контактирај ја Општината
Општина Тетово
Дервиш Цара бб
1200 Тетово
Република Северна Македонија

Тел. +389 44 511 930
Факс +389 44 511 962
Тел. 044 339 240
cabinet@tetova.gov.mk
info@tetova.gov.mk
       
       
Faqeja oficiale e Komunës së Tetovës - Официјална страница на Општина Тетово - Official website of Tetovo Municipality © 2014